Пензионер од Велес е прво лице во земјава кое ќе издржува куќен затвор со електронска алка
Седумдесет и деветгодишен жител на Велес е првиот осуденик во државата кој ќе ја издржува казната затвор во својот дом, под електронски надзор. Тој наскоро ќе биде ставен под т.н. куќен затвор со алка на ногата, а пресудата е во траење од три месеци.
Оваа информација за „Фокус“ ја потврдиле од Управата за извршување санкции, од каде појасниле дека пресудата е донесена од Основниот суд во Велес. Осудениот побарал одложување на издржувањето на казната, но судот го одбил барањето. По изработка на индивидуална програма од пробациски службеник, ќе биде поставена опремата за надзор.
Велешанецот е прогласен за виновен по член 190-а, став 2 од Кривичниот законик – за полово вознемирување.
Управата веќе формираше посебно одделение за електронски надзор. Алките функционираат преку рутер со сим-картичка, кој сигнализира доколку осуденикот се оддалечи од дозволениот периметар или ако ја помести опремата. Во таков случај, прво се контактира осуденото лице или блиско лице, а ако нема одговор, се известува полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пензионер од Велес е прво лице во…
Седумдесет и деветгодишен жител на Велес е…
Давкова: Нам ни треба повеќе кантовство отколку…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска учествува на…
Струмичките пожарникари за првпат добија 80.000 денари…
Во Струмица денеска е исплатена платата од…
Газдата на „Дурмо турс“ и уште еден…
Сопственикот на „Дурмо турс“ Дурмиш Белули и…
Три лица лишени од слобода поради „шверц“…
Денеска во 01:00 часот по полноќ, полициски…