Пентагон потврди: Убиен е еден од лидерите на Исламска држава
Во воздушен напад на силите на Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) во сириската провинција Деир ез-Зор бил убиен еден од лидерите на „Исламска држава“, јави синоќа Пентагон.
Нападот бил извршен на 19 декември во регион кој претходно бил под контрола на руски и владини сили на отстранетиот претседател Башар Асад.
Како резултат на ударот биле убиени двајца борци на ИД, вклучувајќи го и Абу Јусиф, еден од лидерите на групата.
Пентагон соопшти дека воздушниот напад е дел од задачите на Централната команда за „попречување и ослабување на напорите на терористите за планирање, организирање и извршување напади врз цивили и војници на САД, нивните сојузници и партнери“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИЗГОРЕА 4 АВТОМОБИЛИ ВО ПОЖАР ВО АВТО…
Четири автомобили се зафатени во пожар што…
Пентагон потврди: Убиен е еден од лидерите…
Во воздушен напад на силите на Централната…
Возило во Пробиштип „покоси“ двајца пешаци, со…
„Патничко возило „опел“ со штипски таблички, управувано…
Фицо: Зеленски ми понуди 500 милиони евра…
Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека Зеленски,…
Албанија – прва земја на Балканот која…
Албанската влада одлучи да ја блокира платформата…