Пентагон призна: Приоритет во конфликтот во Украина е вооружувањето на Киев, а не дипломатијата
Приоритет на САД во конфликтот во Украина останува испораката на оружје за Киев, бидејќи Вашингтон се уште не гледа можност за дипломатско решение на ситуацијата, изјавија од Пентагон за Спутник.
„Ние веруваме дека секое дипломатско решение (на конфликтот) треба да ги почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Го поддржуваме правото на Украина да ги одреди условите за секое мирно решение. Дотогаш, наш приоритет останува обезбедувањето на потребната поддршка на Украина за самоодбрана“, изјави претставник на американското Министерство за одбрана.
Како што додаде тој, САД се уште се надеваат на дипломатско решение на украинскиот конфликт, но „засега не гледаат услови за плодни преговори со Русија“.
Русија смета дека испораките на оружје за Украина го попречуваат решавањето на ситуацијата, директно ги вклучуваат земјите од НАТО во конфликтот и претставуваат „играње со оган“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…
Производителите на пченица се во загуба ако…
Благојче Богоески е млад земјоделец од село…
Премиерот повторно излажа: За учество на избори…
Да се тврди дека зголемувањето на прагот…
Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…
Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…
Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…