Пентагон: Путин не донел одлука за употреба на нуклеарно оружје
Пентагон оцени дека нема знаци дека рускиот претседател Владимир Путин одлучил да употреби нуклеарно оружје, јави денеска Си-Ен-Ен.
„Засега не можеме да кажеме дека претседателот Путин донел одлука за употреба на нуклеарно оружје“, рече портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Пет Рајдер на прес-конференција, еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден предупреди на опасноста од „нуклеарен Армагедон“.
„Многу луѓе во нашата влада и меѓународната заедница, вклучувајќи го и министерот за одбрана Лојд Остин, укажаа на фактот дека ова мафтање со нуклеарната сабја е несовесно и неодговорно“, додаде Рајдер.
Според него, во моментов САД немаат никакви информации што би довеле до промена на „позицијата на стратешко одвраќање“.
„САД продолжуваат да ги сфаќаат нуклеарните закани „многу сериозно“ и ќе продолжат да ја следат ситуацијата“, додаде Рајдер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…
*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…
Франција го блокира пристапот до израелските штандови…
Франција го блокираше пристапот до штандовите на…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
До крајот на месецов ќе се знаат…
Процесот на избор на кандидати за градоначалници…
НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…
По добиена согласност од Министерството за финансии,…