Пентагон тврди: Русија се труди да регрутира над 60.000 војници за во Украина
Висок претставник на американското Министерство за одбрана денеска изјави дека САД „имаат индиции дека Русија сака да регрутира повеќе од 60.000 војници”.
-Тоа е комбинација од нови регрути и мобилизација на резервисти, а целта е да се зајакнат силите кои ја напаѓаат Украина, додаде функционерот.
Тој предупреди дека „допрва треба да видиме” колку Русија ќе успее да ги достигне овие бројки, но и колку овие сили ќе бидат обучени и каде точно ќе бидат испратени.
Официјалниот претставник, исто така, кажа дека САД не забележале дека руските сили добиваат „свежи засилувања, целосно обучени и вооружени”, подготвени да ги заменат потрошените руски баталјони во Украина.
-Што се однесува до моменталната способност на руската војска, Русија сега е под 85 отсто од проценетата расположлива борбена моќ што ја имаше пред инвазијата на Украина во февруари, додаде официјалниот претставник.
Тој објасни дека оваа проценка вклучува низа фактори како што се бројот на тенкови, борбени авиони, проектили и самите војници. Официјалниот претставник не сакаше да даде проценки за бројот на руски војници загинати досега во нападот врз Украина.
САД, исто така, веруваат дека руската војска не ги решила своите логистички проблеми, кажа официјалниот претставник, додавајќи дека тоа значи дека Русите веројатно нема да можат да ги засилат своите сили во источна Украина наскоро.
-Не веруваме дека тоа ќе биде брз процес со оглед на бројот на загуби, како во персонал, така и во опрема, рече претставникот на Пентагон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…