Пентагон: Украина ќе ја добие помошта за помалку од една недела
Откако американскиот Конгрес го одобри пакетот воена помош за Украина, официјален Киев би можел да добие американско оружје за помалку од една недела, соопшти денеска Пентагон.
Министерството за одбрана на САД ќе испорача дел од оружјето на украинските сили за помалку од една недела по завршувањето на сите законски процедури за усвојување на законот за воена помош, потврдија неименувани воени извори за новинарот на Вашингтон пост, пренесува Украинска правда. .
Пентагон претходно предупреди дека, без итна акција на Капитол Хил, Украина постепено ќе го загуби бојното поле од руските сили и ќе претрпи значителни загуби.
Засега не е јасно какви точно ќе бидат испораките на американско оружје и воена опрема за Украина, иако многу потребната артилериска муниција на која најмногу се потпира украинската армија, вклучително и артилериски гранати од 155 милиметри кои исто така ги користат силите на НАТО за артилериски удари со среден дострел, речиси сигурно ќе биде испорачан.
Пентагон, исто така, најверојатно ќе испрати нова серија на опрема за противвоздушна одбрана, клучен елемент на одбраната од руските воздушни напади врз цивилната инфраструктура во Украина, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протече стратешки документ на германската армија: „Русија…
Германската војска ја смета Русија за „егзистенцијален…
Путин: Русија нема докази дека Иран сака…
Ниту Русија ниту Меѓународната агенција за атомска…
Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…
Русија тестира вакцини против рак
Русија започна клиничко испитување на новата онковакцина…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…