Пентагон ќе ѝ даде на Украина нови две милијарди долари
Министерството за одбрана на САД објави дополнителна помош за Украина во висина од две милијарди долари.
Овој пакет помош ја потврдува неизменетата подршка на САД за Украина, со поставување дополнителни беспилотни летала, средства за детектирање и соборување дронови, средства за радио-електронска врска како и критично важна муниција за артилерија и средства за остварување прецизен артилериски оган“, изјави портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Пат Рајдер.
За соработата меѓу Иран и Русија, Рајдер изјави дека Иран се стреми кон таа соработка „поради очигледи причини“.
Тоа говори кон какви мерки Русија е принудена да прибегне поради неспособност целосно да се потпре на сопствената одбранбена индустрија, губејќи снабдувачи и партнери како резултат на своите акции. А, Иран влијае дестабилизирачки не само на Блискиот исток, туку сега извезува тероризам и во такви земји како Украина“, изјави Рајдер.
Во врска со можното снабдување на Русија со кинеско оружје, Рајдер кажа дека САД засега не набљудуваат дека Кина поставува огнено оружје во Русија.
Кина е предупредена од државниот секретар Блинкен и министерот Остин како и од останати, за последиците доколку ја снабди Русија со огнено оружје. Новопредложениот мировен план на Кина вклучува и почитување на суверенитетот на сите земји. Така што, може да се надеваме дека тие го почитуваат правото на Украина да постои и не размислуваат за потенцијално снабдување помош за убиство на невини Украинци и уништување на нивната земја. Продлжуваме внимателно да следиме околу сето ова“, изјави Рајдер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…