Перински ќе одговара и за јавните набавки, во Водовод влегува ревизија?!
Инфомакс ексклузивно дознава дека во ЈП Водовод – Скопје започнува темелна ревизија на сите јавни нбававки во изминатите месеци.
Според нашите информации неколку јавни набавки кои ги спровел директорот Златко Перински се спорни и проблематични и истите се причината за темелната ревизија која ќе ја прават службите на Град Скопје.
Имено Перински беше разрешен минатиот петок откако градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска изрази сериозни сомнежи за фаворизирање на една компанија за тендер вреден 136 милиони евра.
Како што објави Инфомакс, Перински занемарувајќи ги условите на Европска банка за овнова и развој и Европската инвестициона банка вовел нови услови со што во тендерската постапка за изградба на пречистителна станица на Вардар би учествувала само една фирма која ја фаворизирал Перински. Понудата на таа компанија била за 20 милиони евра поскапа од понудата на компанијата која Перински и оневозможил да учествува на тендерот.
Сомнежите за криминал и корупција го завршија мандатот на В.Д. директорот Перински, а Арсовска најави и кривична постапка против директорот.
Во наредниот период ревизијата ќе покаже дали покрај милионскиот криминал во Водовод се крадело и на ситно од страна на претходниот директор.
Перински важи за исклучително близок до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а своевремено беше и негов шеф на кабинет.
Секој кој нема да испорача соодветни резултати треба да понесе одговорност и дека нема да дозволи политичко влијание во Градот Скопје, порача градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во гостување во вестите на Канал 5 телевизија.
– Верувам дека сите граѓани знаат дека јас политичар не сум и во интерес ми е да се реализираат проектите кои се ветени во програмата, во интерес на сите граѓани. Доколку резултатите не се на задоволително ниво нормално е дека ќе има реакции и дека ќе има одговорност и ќе се понесе одговорност. Во конкретниот случај имавме конкретна работа за која имаше индиции дека се случува влијание во постапка на еден милионски тендер односно јавна набавка за кој имавме реакција во јавноста вчера.
Секој има одговорост пред се’ пред граѓаните, таа доверба која ни била дадена не смее да се изневери, јас сум избрана на овие локални избори непосредно од скопјани и нивната доверба не смеам да ја изневерам. Тоа не значи дека треба некој кој не испорачува резутати, не е транспарентен и не си ги завршува работите кои треба да ги заврши, да биде толериран. За нас како Град Скопје е важно оние лица на кои им имаме дадено таква одговорност да ги водат јавните претпријатија да ги испорачуваат тие резултати што од нив се очекуваат, доколку таа релација не е на задоволително ниво тогаш одговорноста треба да се понесе како што е понесена – вели Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…