Перишиќ: Парите и семејството ги ставив во втор план за да му помогнам на Хајдук!
Спортскиот директор на Хајдук, Никола Калиниќ вчера објави дека нема да ја продолжат соработката со Иван Перишиќ кој во последните денови предизвика лавина негативни реакции од фановите на сплитскиот тим.
Сега за „Далматински“, Перишиќ ја кажува својата верзија на ситуацијата.
„Дојдов во Хајдук надевајќи се дека заедно ќе го оствариме сонот и ќе ја земеме титулата. Имав добар договор со Тотнем, а и повреден имав одлична понуда од голем странски клуб, каде би имал фантастични услови за рехабилитација и барем еднакви шанси за играње, како што имав и тука. Наместо тоа, на повик на управата на клубот и навивачите, одбрав живот без семејство кое живее во странство со надеж дека ќе помогнам во борбата за титула и пласман во групната фаза од Лигата на шампионите“, вели Перишиќ.
„Во каква и состојба да бев, во секој момент, па и тогаш кога влегов во игра на Куп мечот против Динамо, наспроти препораките на докторите, ризикувајќи повреда која би ми ја завршила кариерата, давав се од себе за да ја оствариме таа заедничка цел“.
„Од првиот ден до денес се држев до договорот, до поставените правила, а по Европското првенство одбив и две понуди од сериозни клубови со цел да му помогнам на клубот ова лето“.
„Веројатна на сите им е јасно дека Хајдук и Сплит не ги одбрав поради пари или здравствена нега. Во желба да помогнам своето здравје и своето семејство ги ставив во втор план и не жалам поради тоа бидејќи не ни знам поинаку, но во неделата навечер некој друг со свој испад одлучи дека мојата помош веќе не му е потребна“.
„Од кога знам за себе во Хајдук гледам како нето големо и така ќе се однесувам и во моменот кој е исклучително тежок за мене и за моето семејство. На клубот му посакувам среќа, победа во четврток, пласман во Европа и освојување на титулата, без разлика кој е во клубот“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Перишиќ: Парите и семејството ги ставив во…
Спортскиот директор на Хајдук, Никола Калиниќ вчера…
Владата паднала од прво на 40. место…
Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата…
Заслужено? Пратениците од утре на одмор, Собранието…
Од утре до 2 септември пратениците официјално…
Блокирана касарната во Келн
Касарната на Бундесверот во Келн од утрово…
Германскиот производител на оружје „Рајнметал“ ќе ја…
Германскиот производител на оружје „Рајнметал“ (Rheinmetall) потпиша…