Објавено на:

Перу за два дена игра бараж за Светското првенство, а властите одлучија да го прогласат за национален празник

t

Перу за два дена ќе игра бараж натпревар против Австралија.

Чекаме уште двајца учесници за да го комплетираме списокот на репрезентации кои ќе настапат на Светското првенство во Катар.

Едниот ќе го дознаеме на дуелот меѓу Костарика и Нов Зеланд, а другиот на дуелот меѓу Австралија и Перу.

Двата натпревари ќе бидат многу интересни и неизвесни, особено овој на Перу и Австралија, а во јужноамериканската земја сега се е посветено на баражот.

Перуанските власти одлучија 13 јуни да го прогласат за национален празник бидејќи репрезентацијата игра „историски натпревар“.

„Министерскиот совет одлучи цел ден да биде празник за да може нашите луѓе да ја гледаат репрезентацијата како оди на Светското првенство во Катар. Тоа ќе ги мотивира луѓето да се организираат, можат да излезат на улица за да се обединат во овој голем момент. Сметаме дека тоа е настан на единство, национализам и национален идентитет и од кој корист може да има приватниот сектор“, објасни министерот за култура Алехандро Лалас.

Дуелот меѓу Австралија и Перу се игра на стадионот во Ал Рајан во понеделник од 20 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Шок во Перу: Запленети 58 килограми…

Перуанската полиција запленила 58 килограми кокаин, а…

Австралија преку пенали го совлада Перу за…

Фудбалерите на Австралија синоќа на неутрален терен…

Перу за два дена игра бараж за…

Перу за два дена ќе игра бараж…

Цените на горивата ќе ја срушат и…

Педро Кастиљо го укина полицискиот час во…

Седум зaгинати откако мал туристички авион се…

Седум лица загинаа денеска во несреќа на…