Песков: Дефицит на трезвени лидер на Запад

Сега нема директни канали за дијалог со колективниот Запад и има одреден недостаток на политички трезвени лидери, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Сега е тешко да се каже дека некако може да се влијае на тоа. Немаме директни канали за дијалог. Овој дијалог сега е бескорисен, бидејќи никој таму не е подготвен да прифати какви било аргументи. Има одреден недостаток на лидери кои се подготвени да го надминат командниот систем воспоставен во системот на Северноатлантската алијанса“, објасни Песков во интервју за „РБК“.
„Иако има и такви кои остануваат политички трезвени, за жал тие се малку… Се надеваме дека со текот на времето ќе се создадат услови за продолжување на дијалогот“, додаде тој.
Според него, Европа е под сериозен притисок од Вашингтон.
„Јасно е дека сега речиси сите европски престолнини се погодени од вирусот на неконтролираната русофобија, погодени од недостигот на суверенитет и под сериозен притисок од Вашингтон. Но, сакам да кажам: момци, добро, немојте толку, бидете паметни, подоцна ќе се срамите од себе што ги ставивте таквите мисли на хартија“, рече Песков.
Портпаролот, сепак, истакна дека рускиот претседател Владимир Путин никогаш не ја исклучил можноста за продолжување на дијалогот со европските лидери.
Тој додаде дека Русија мора да се заштити себеси и не може да дозволи националистички ориентиран режим да се зајакне во близина на нејзините граници.
Песков потсети дека „позицијата на Москва е многу добро позната, транспарентна, аргументирана и конзистентна“, како и дека „не се појавија и не можат да се појават нови елементи“.
„Мораме да се заштитиме себеси и нашите идни генерации. Не можеме да дозволиме на нашите граници да се појави националистички режим. И да се зајакне на нашите граници. Не можеме да дозволиме ракетите и инфраструктурата на НАТО да бидат распоредени на неколку километри од нашите граници. Ова за нас е неприфатливо. Затоа мораме да преземеме мерки“, заклучи Песков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Девизните резерви на Русија срушија нов историски…
Девизните резерви на Русија достигнаа 650,4 милијарди…
Макрон: Не е време за укинување на…
Францускиот претседател Емануел Макрон, на денешниот самит…
Голем удар за Русија, хакерски напад го…
Руските медиуми јавуваат за голем хакерски напад…
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…
Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…