Песков: Западот секој ден сè повеќе се вклучува во војната во Украина

Западните земји секој ден се повеќе се вклучуваат во конфликтот во Украина, изјави Дмитриј Песков, прес-секретар на претседателот на Руската Федерација, во интервју за програмата Москва Кремљ.Путин.
„Тешко е да се каже каде е границата. Границата, во теорија, треба да го диктира умот на земјите од колективниот Запад, но, за жал, тоа не се случува. Очигледно е дека степенот на директна и индиректна вклученост на земјите од колективниот Запад во овој конфликт расте секој ден“, рече тој, одговарајќи на прашањето каде е границата на ескалација. Претставникот на Кремљ беше прашан за ова во контекст на нови испораки на оружје за Киев.
„Ова може да го прошири конфликтот со текот на времето, но не може радикално да ја промени ситуацијата. Воопшто не може да ја промени ситуацијата“, нагласи Песков. „Русија ќе ја продолжи специјалната воена операција и Русија ќе ги обезбеди своите интереси на овој или оној начин и ќе ги постигне наведените цели“, додаде тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Украина нема да ја признае американската…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Телата на 909 загинати војници се вратени…
Телата на 909 загинати војници се вратени…
Девизните резерви на Русија срушија нов историски…
Девизните резерви на Русија достигнаа 650,4 милијарди…
Макрон: Не е време за укинување на…
Францускиот претседател Емануел Макрон, на денешниот самит…
Голем удар за Русија, хакерски напад го…
Руските медиуми јавуваат за голем хакерски напад…