Објавено на:

Песков: Изолација за Русија не е можна, светот е многу поголем од Европа

t

Кремљ денеска со реакција дека не е можно целосно да се изолира Русија, додека Западот продолжува да наметнува санкции против Москва, пренесуваат странските агенции.

„Не може да има целосен вакуум или изолација на Русија, тоа е технолошки невозможно во современиот свет. Светот е многу поголем од Европа. Порано или подоцна ќе треба да изградиме дијалог, без разлика дали некои во странство тоа го сакаат или не“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за руската државна телевизија.

Зборувајќи за можноста рускиот претседател Владимир Путин да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Песков рече дека тоа би било „хипотетички возможно“, но дека ќе бара писмен документ договорен од двете страни во мировните преговори со Киев.

За да се одржи средбата, Песков рече дека делегациите мора да подготват „конкретен документ“. „Не збир на идеи, туку конкретен пишан документ“, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…

Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…

Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…