Објавено на:

Песков: Изјавите на Зеленски не покажуваат дали во Киев се свесни за реалноста

t

Украинското водство постојано дава контрадикторни изјави коишто не ни овозможуваат целосно да разбереме што сака всушност украинската страна и дали е подготвена да ја осознае вистинската состојба на работите, изјави во петокот за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Портпаролот на рускиот претседател порача дека Украина е одговорна за фактот што мировните преговори меѓу двете земји се замрзнати, истакнувајќи дека е нејасно што всушност сакаат во Киев.

„Прво, преговорите сега се замрзнати со одлуката и е во согласност со линијата избрана од украинската страна, што е апсолутно контрадикторно со споменатите изјави на Зеленски“ рече Песков на барање да ги коментира изјавите на украинскиот претседател дека е неопходно да се преговара со Русија за да се заврши конфликтот, но дека руската страна не го сака тоа.

„Второ, украинското водство главно постојано дава изјави кои се меѓусебно контрадикторни, што не ни дозволува докрај да сфатиме што сака украинската страна и дали е подготвена да заземе трезвен пристап и да ја осознае вистинската состојба на нештата“, истакна портпаролот на Кремљ.

Претходно Владимир Медински, помошник на рускиот претседател кој ја предводи руската делегација во преговорите со Украина, изјави дека замрзнувањето на процесот е целосно по иницијативата на Киев.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски претходно во петокот тврдеше дека повеќепати се обидувал да организира директна средба со рускиот претседател Владимир Путин за да се стави крај на војната, но рече дека се чини дека Русија сѐ уште не е подготвен за сериозни мировни преговори. Меѓутоа, Кремљ уште на почетокот на март по првата таква најава предочи дека Путин ќе прифати директна средба со Зеленски само за потпишување мировен договор откако поединостите ќе ги договорат двете делегации.

„Постојат работи за коишто треба да се разговара со рускиот челник. Не велам дека нашите луѓе сака да разговарам со него, но мораме да се соочиме со реалноста на она што го преживуваме“, изјави Зеленски во обраќањето на еден индонезиски тинк-тенк.

„Што сакаме од тој состанок? Ги сакаме назад нашите животи… Сакаме да го повратиме животот на суверена земја во рамките на сопствената територија“, порача украинскиот претседател.

Последните директни мировни преговори, според јавните објави, се одржаа на 29-ти март во Истанбул. Контактите потоа извесно време се одржуваа преку телеконференциска врска, но сега и двете страни потврдуваат дека повеќе не се водат преговорите.

Директните преговори меѓу Киев и Москва имаа добар развој до 29-ти март до средбата во Истанбул, кога беше најавена и можна средба на двата претседатела. Но потоа мировните преговори нагло замреа, а како што забележуваат и некои украински медиуми, тоа се случува веднаш по ненадејната посета на Киев на британскиот премиер Борис Џонсон,

Но шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушогли уште кон средината на април во разговор за CNN рече дека мирното решение на војната во Украина го спречуваат „некои земји во НАТО“, кои посакуваат војната што подолго да трае за Воено и економски да ја истошти Русија.

„Постојат земји во НАТО кои сакаат војната во Украина да продолжи. Продолжувањето на војната го гледаат како слабеење на Русија. Не им е многу грижа за ситауцијата во Украина“, рече тогаш Чавушоглу чијашто земја има добри односи и со Киев и со Москва и не се придружи на антируските санкции.

Според неодамнешниот коментатор на The New York Times, Дејвид Сангер, противници на мировен договор за Украина се и САД пишувајќи дека „кога министерот за одбрана Лојд Остин на крајот од тајната посета на Украина изјави дека целта на Америка е да ја види Русија толку ослабена да повеќе нема моќ да напаѓа соседба држава, ја призна трансфорамцијата на судирот од битка за контрола над Украина до онаа во која Вашингтон подиректно се спротиставува на Москва“.

„Штом украинските и руските преговоарачи по средбата во Истанбул се договоерија околу изработката на идниот договор, премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, се појави во Киев без предупредување. Џонсон во Киев донесе две едноставни пораки. Првата е дека (рускиот претседател Владимир) Путин е воен злосторник и треба да биде прогонуван, а не да се преговара со него, и втората – ако Украина е подготвена да потпише со него какви и да се гаранциски договори, Британија не е“, објави на 5-ти мај весникот Українська правда повикувајќи се на „извори блиски на Зеленски“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин ќе ги смирува Туpција и Сиpија:…

Организирањето на средба меѓу претседателите на Турција…

Русија прогласи вонредна состојба во Курск

Русија прогласи вонредна состојба во пограничниот регион…

Американскиот Стејт департмент ја осуди блокадата на…

Стејт департментот набљудува како руските власти постојано…

Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…

Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…

ЕУ: Украина има законко право да се…

Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…