Песков: Конфликтот во Украина ќе заврши кога Русија ќе ги постигне своите цели
Конфликтот во Украина ќе заврши кога Русија ќе ги постигне целите поставени за време на Специјалната воена операција, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Секако, би сакале овој конфликт да заврши што е можно поскоро, а може да заврши кога Русија ќе ги постигне целите што првично ги постави. Ние би претпочитале да го решиме овој конфликт преку политички и дипломатски средства. Разговаравме за ова многу пати и руската страна останува отворена за овој пат“, изјави Песков пред новинарите, пренесува РИА Новости.
Тој додаде дека Русија е отворена за политичко и дипломатско решение во Украина и дека ситуацијата е во ќорсокак, не по нејзина вина. „Европејците ги охрабруваат на секој можен начин, верувајќи дека Украина може да ја добие војната и да ги обезбеди своите интереси со воени средства“, истакна Песков.
Според него, верувањето дека Украина може да победи на бојното поле е длабока заблуда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Песков: Конфликтот во Украина ќе заврши кога…
Конфликтот во Украина ќе заврши кога Русија…
EK: Северна Македонија не постигна никаков напредок…
Северна Македонија е помеѓу одредено и умерено…
Странските инвестиции во Македонија преполовени од лани:…
Две поголеми странски компании кои со години…
Туск: Не повикувам на војна со Русија…
Русија веќе е во војна со Европа…
Дел од автобусите кои се вклучија во…
Од денеска 55 автобуси од приватните превозници…