ПЕСКОВ НЕ МОЖЕ НИ ДА ЈА ИЗГОВОРИ БРОЈКАТА – Русија го глоби Гугл повеќе одошто има пари во светот!

t

Рускиот суд го казни Гугл со сума повисока од вкупната количина пари во светот – двојка после која средуваат 36 нули. Пресметано во долари, тоа значи дека на технолошкиот гигант му било кажано да плати 20.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000 долари.

Според руската агенција Тасс, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков признал дека „не може ни да ја изговори оваа бројка“, но го повикал „менаџментот на Гугл да обрне внимание“. Агенцијата тврди дека казната е толку голема затоа што се удвојува секој ден поради тоа што не е платена.

За споредба, светскиот БДП изнесува 110 трилиони долари, како што сугерираат проценките на Меѓународниот монетарен фонд.

Гугл е проценет на 2 трилиони долари.

Компанијата неодамна го загуби спорот против паричната казна од Европската Унија изречена поради начинот на кој компанијата врши дигитално рекламирање и ќе треба да плати 2,4 милијарди евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре пресуда за родителите на монструмот од…

Суд во Белград утре се очекува да…

Левица: Со недела работен ден Мицкоски го…

Верниот слуга на Стопанската комора и домашната…

Почина Јагнула Куновска

На 81-годишна возраст почина Јагнула Куновска, една…

Тошковски откри детали за денешната акција на…

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска…

Вучевиќ: Обвинителството е при крај со истрагата…

Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека…