Песков: Ни Русија ни САД нема да разговараат со Калас, ќе почекаме да си оди
Москва денеска ја отфрли можноста за разговори со шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, за прекин на војната во Украина, оценувајќи ја неа и раководството на Европската Унија како „неспособни“. На раководството на ЕУ му недостасуваат визионери кои знаат како да планираат и да ги видат последиците во иднина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува Индекс.хр.
Ова се некои необучени, некомпетентни функционери кои не гледаат во иднината и не се во можност да го разберат денешниот координатен систем, рече Песков.
Песков беше особено критичен кон Калас, поранешната естонска премиерка.
Никогаш нема да разговараме за ништо со неа, а тоа нема да го направат ниту Американците, рече тој, додавајќи дека Москва ќе почека додека таа не ја напушти функцијата.
Песков го изјавил ова по разговорите меѓу украинските и руските претставници, кои, со присуство на американски медијатори, се одржаа во петокот и саботата во Обединетите Арапски Емирати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Песков: Ни Русија ни САД нема да…
Москва денеска ја отфрли можноста за разговори…
Русија инсистира на ослободување на Николас Мадуро
Русија инсистира на ослободување на венецуелскиот претседател…
Песков: На власт во Европа се некомпетентни…
Европските земји, кои се ослободија од зависноста…
Страшна снежна бура во САД: Над 8.000…
Најмалку 20 држави во Соединетите Американски Држави…
Кинески медиуми: САД ги држат земјите од…
Кинеските медиуми предупредуваат дека додека веста за…