Песков за забраната на увоз на злато: Пазарот на благородни метали е глобален, ќе побараме други пазари
Русија на санкциите за забрана на увоз на злато изјави дека ќе пронајди начин како да го заобиколи, односно ќе побара други пазари.
– Пазарот на благородни метали е глобален. Тој е доста голем, обемен и исклучително разновиден, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој додаде дека „ако пазарот ја изгуби својата привлечност како резултат на недозволиви одлуки, ќе има пренасочување каде што има поголема побарувачка за одреден артикл“.
Велика Британија, САД, Канада и Јапонија на Самитот на Г-7, што се одржува во Германија, одлучија да забранат увоз на руско злато. Забраната за увоз на злато од Русија е дел од новиот пакет санкции кон Русија поради инвазијата врз Украина.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел вчера беше внимателен во разговорите за забрана на увоз на руско злато.
„Што се однесува до златото, ние сме подготвени да разговараме за деталите и да утврдиме дали е можно да се насочи златото за да и наштетиме на руската економија и да не се повредиме себеси“, посочи Мајкл.
Втор најголем приход за Москва е од извозот на злато, Русија годишно произведува од 350 до 380 тони злато.
По забраната за увоз на руско злато, денеска се зголеми цената на благородниот метал на светските берзи. На физичкиот пазар цената на златото порасна за 0,6 отсто и унца се продава за 1.838,87 долари. Во фјучерсите на американскиот пазар, златото се тргуваше по 0,5 отсто повисока цена односно 1.840,40 долари за унца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров: Русија не се задоволува со примирје…
Русија нема да прифати само воспоставување примирје…
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…
Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…
Рускиот амбасадор Баздникин повикан во МНР: Врачена…
Попладнево, во Министерството за надворешни работи и…
Македонската амбасада во Киев погодена во руски…
Македонската амбасада во Киев настрадала во руски…