Песков: Русија не размислува за новогодишно примирје

t

Новогодишно примирје на украинскиот фронт во моментов не е предмет на разгледување, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Сè уште нема разговори за тоа, во тек е сосема друг процес“, рече Песков на прашањето на новинар дали имало какви било разговори за тоа, објави РИА Новости.

Рускиот претседател Владимир Путин постојано изјавува дека Русија се залага исклучиво за долгорочно решение на украинскиот конфликт без никакви привремени прекини на огнот, истакнувајќи дека постигнувањето на такво решение е можно само по елиминирање на основните причини за конфликтот, објави агенцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Песков: Русија не размислува за новогодишно примирје

Новогодишно примирје на украинскиот фронт во моментов…

Кремљ: Разговорот меѓу Путин и Виткоф беше…

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и…

Путин: Освојувањето на Покровск ќе ѝ овозможи…

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека заземањето…

НАТО размислува за поофанзивен пристап кон Русија…

НАТО би можел да го заостри својот…

Утре попладне средба Путин-Виткоф

Средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и…