Песков: Русија планира да склучи договор со Северна Кореја
Порпаролот на Кремљ Димитри Песков рече дека Русија планира да потпише договор со Северна Кореја што ќе донесе „стратешка соработка“ во сите области.
Песков рече дека Москва ќе даде повеќе детали околу договорот кога ќе биде склучен.
Тензиите на корејскиот полустров се секојдневно се поголеми, откако Северна Кореја вчера разнесе делови од патишта и железници што ја поврзуваат со Јуќна Кореја преку силно утврдената граница, со што јужнокорејските власти испукаа предупредувачки ракети.
Песков исто така надополни дека парламентарните избори во Грузија, не ја интересираат Русија, затоа што не се мешаат во внатрешните работи на земјата, иако, според порпаролот на Кремљ, Русија ги забележала јасните обиди на Западот да изврши притисок врз Тбилиси пред изборите закажани на 26 октомври.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Необична светлина над Шар Планина: Жител…
Жител на Брезовица вчера вечерта забележал и…
Македонија претпоследна во Европа по минимална плата
Според најновите податоци на Евростат, Македонија е…
Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ…
Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор…
Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…
На денешен ден, 17 јуни, пред точно…
СТАНАРИ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ БАРААТ ПОМОШ ОД…
Две години жителите во зграда на булевар…