Објавено на:

Песков: Русија ќе ги продлабочи врските со Северна Кореја

t

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска најави дека Русија планира да ги продлабочи врските со Северна Кореја.

Изјавата на Песков уследи откако Белата куќа синоќа соопшти дека е загрижена поради напредокот во преговорите за вооружување помеѓу Русија и Северна Кореја.

Москва и Пјонгјанг одржуваат добри односи полни со меѓусебно почитување. Имаме намера дополнително да ги развиваме. Воспоставуваме контакти на различни нивоа. Северна Кореја е наш многу важен сосед, посочи Песков.

САД и претходно предупредуваа дека Северна Кореја може да ја снабди Русија со оружје што ќе биде употребено во Украина. Вашингтон во текот на месецот воведе санкции против три организации поврзани со зделки за оружје помеѓу Северна Кореја и Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…