Песков: Руско-американските преговори нема да влијаат на соработката меѓу Москва и Техеран

Преговорите меѓу Русија и Америка нема да влијаат на понатамошната соработка меѓу Москва и Техеран, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Одговарајќи на новинарско прашање на иранската новинска агенција ИРНА за ставот на Кремљ доколку американскиот претседател Доналд Трамп побара Русија да престане да соработува со Иран, Песков истакна дека двете работи не се поврзани, пренесува ТАСС.
„Процесот на интеракција меѓу Москва и Техеран на ниту еден начин не е поврзан со руско-американските односи“, рече Песков. Американски и руски претставници денеска ќе се сретнат во Саудиска Арабија на разговори за Украина и руско-американските односи, јави Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пар веднаш зажали што отвори порака во…
Пар веднаш зажали што отвори порака во…
Дневен хороскоп за 27 март
Овен Овој ден, конечно ќе можете да…
Македонија пред нов студен бран:Врнежи од дожд,…
До крајот на четврток 27 март во…
Откриена тајна руска нуклеарна база во Европа
Русија има тајна база за нуклеарно оружје…
Aston Martin го претстави роудстерот Vanquish Volante,…
Aston Martin го претстави својот нов модел,…