Објавено на:

Песков: Украинските напади на Москва се доказ за слабоста на Киев

t

-Очигледно е дека контраофанзивата не беше успешна, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, опишувајќи ја ситуацијата како „многу тешка“ за украинските сили, за кои вели дека „немаат никаков успех“.

„И како чин на очај, режимот во Киев прибегнува кон такви терористички напади“, нагласи тој.

Песков изјави дека „се преземаат сите можни мерки за одбрана на локациите на цивилната инфраструктура“.

Русија вчера соопшти дека одбила напад со украински беспилотни летала врз Москва, каде биле оштетени фасадите на две канцелариски кули во деловниот кварт „Москва Сити“, а искршени се неколку прозорци.

На почетокот на јуни Украина ја почна својата долго најавувана контраофанзива, на која, меѓутоа, и се спротивставува цврсто вградената руска одбрана и чии резултати досега се скромни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…

Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…

Зеленски: Во Белата куќа го бранев достоинството…

Претседателот Володимир Зеленски денеска изјави дека го…

Стив Виткоф: Зеленски прифати да се одржат…

Специјалниот пратеник на САД за руско-украинскиот конфликт,…

При напад на руски дрон врз Киев,…

Во напад со беспилотно летало на руските…

Путин бара од Украинците да земат руско…

Рускиот претседател Владимир Путин почна да врши…