Објавено на:

Песков ја поздрави одлуката на ОПЕК+ за намалување на производството на нафта: Тоа е победа на здравиот разум

t

Прес-секретарот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков изјави дека одлуката на ОПЕК + за намалување на производството на нафта не е некаква победа за Руската Федерација, тоа е победа на здравиот разум.


„Не сум склон да кажам дека ова е некаква победа за нас. Не. Ова е победа за здравиот разум“, рече тој во интервјуто со Павел Зарубин за “Русија 1”.

Според него, улога во тоа одиграле и посетите на претседателот на Руската Федерација во 2019 година на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

„Генерално, фактот што претседателот успеа да воспостави односи со взаемна почит, односи што се засноваат на взаемна корист, на взаемна доверба, се разбира, тоа помага да се разговара за најкритичните моменти“, рече Песков.


Земјите од ОПЕК + минатата недела одлучија да го намалат производството на нафта за 2 милиони барели дневно веднаш од ноември, земајќи ги нивоата договорени за август како референтна точка.
Претходно, американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека САД размислуваат за бројни одмазднички мерки, вклучително и против Саудиска Арабија, по одлуката на ОПЕК + за намалување на производството на нафта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цените на нафтата околу 74 долари

Цените на нафтата се задржаа на меѓународните…

Девизните резерви на Русија срушија нов историски…

Девизните резерви на Русија достигнаа 650,4 милијарди…

Макрон: Не е време за укинување на…

Францускиот претседател Емануел Макрон, на денешниот самит…

Голем удар за Русија, хакерски напад го…

Руските медиуми јавуваат за голем хакерски напад…

Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…

Белата куќа соопшти дека САД и Русија…