Објавено на:

Петковиќ: Пораките на Курти Скопје да се приближи на Косово се безобразлук

t

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, изјави дека препораката на премиерот на привремените институции на Приштина, Аљбин Курти, Скопје да се приближи до самопрогласеното Косово, Албанија и Бугарија и да се држи подалеку од Србија, е безобразлук и повеќекратна глупост, бидејќи таквите изјави ги дава кога отворени се ангажира да ја дестабилизира Македонија.

Петковиќ изјави дека Курти дошол во Македонија за да ги поттикне најекстремните политички структури на Албанците во таа земја и да го промовира фашистичкиот проект на таканаречената голема Албанија.

„Прогласувајќи се себеси за политички и идеолошки ментор на оние кои ќе ја дестабилизираат и поделат Македонија, Курти ја прошири својата воинствена мисија од Косово и Метохија на околните територии, кои ги смета за составен дел од неговиот луд големоалбански државотворен проект“, ја пренесува изјавата на Петковиќ српската агенција Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тажна вест од Србија: Поранешен кошаркар на…

Трагични вести пристигнуваат попладнево од Србија каде…

Се врати во Македонија првиот од 115…

Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…

Франс прес за протестите во Македонија и…

„Од улиците на Белград во Србија до…

„Кој е следен?“ демантираат: Не сме дел…

Не сме дел од никаква група за…

Вучиќ најавува контрапротести низ Србија со кои…

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави формирање на…