Петковски за “бугарската армија која го ослободила Скопје”: Љубчо Георгиевски очигледно избегал од тој час по историја!

t

Нашата историја јасно говори, партизаните од сите југословенски простори го ослободуваат Скопје. Влегува генералот Апостолски и го ослободува Скопје, вели денеска Тито Петковски коментирајќи го ставот на Љубчо Георгиевски дека бугарската армија го ослободила Скопје во Втората светска војна.

Петковски стакна дека само пет месеци Бугарија учествува на вистинската страна, а претходно не, тоа е некоректна изјава. Според него не може да печалите на тие пет месеци, а да се заборави години соработка со нацисти и фашисти.

Очигледно јас и Љубчо сме читале различна историја или тој бегал до тој час, вели Петковски за ставот на Георгиевски.

Апостолски кога сакале Бугарите да парадираат во Скопје им кажал дека не може бидејќи тие не биле заслужни за ослободувањето, додава Петковски кокј објасни дека не може некој сега подобро да знае од самиот Михајло Апостолсски кој напишал и книга, водел дневник и јасно е кој кого ослободил и од чија окупација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Десет илјади луѓе се собраа во Кумровец…

Традиционалната манифестација во Хрватска „Ден на младоста…

(Видео) Тито раскажува за времето кога бил…

Старо интервју на Тито каде раскажува за…

Ова е синот на Тито, денес има…

Александар Миша Броз, најмладиот син на поранешниот…

(Видео) Југославија беше држава со вредности, видете…

Зошто ни се враќа југоносталгијата? Затоа што…