Петков: Да се пушти Македонија на патот кон Европа, не значи дека се пушта во Европа
Приближувањето на Македонија кон Европската Унија, не започнува со членство, туку претстои долг преговарачки период кога може да се надминуваат најчувствителните прашања- вели бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за радио Дарик.
Додава дека историјата не може да се заборави и не треба да се игнорира, но во истовреме и да се наметнува и погрешен пристап.
-Не можеме да пристапиме со „заборави се што знаеш досега и прифати се како што јас ти велам”. Тој пристап не функционира. Да се пушти Македонија на патот кон Европа, не значи дека Македонија се пушта во Европа. Има 15 години од оваа до втората точка. Во тие 15 години има 27 поглавја да се отворат. Ако направиме процес да се развива историската вистина, да се отстрани дискриминацијата и јазикот на омразата и тој процес има јасен механизам како да се исчистат тие елементи, вели Петков.
Го одбравме вистинскиот пристап со градење мостови меѓу двете земји, обновувањето на разговорите и соработката на повеќе полиња ќе даде резултати и на политичко ниво- кажа премиерот Димитар Ковачевски на денешната конференција во Скопје посветена на граѓанскиот придонес во македонско-бугарските односи.
-Јас немам никакво сомневање дека тој процес ќе ја обнови атмосферата на доверба и пријателство и дека тоа ќе биде силен поттик да се отворат вратите за заедничко прифатливо решение за отворените политички прашања. Особено оние кои се однесуваат на деблокирањето на процесот за финализирање на постапката за нашето членство во ЕУ, вели Ковачевски.
Приоритет во разговорите треба да има пакетот барања од бугарска страна, паралелно со меѓувладината соработка треба да се решаваат и потешките прашања, смета европратеникот Илхан Ќучук. Македонската Влада е согласна да се впише бугарско малцинство во Уставот, но низ дијалог со опозицијата за да се оформи потребното двотретинско мнозинство.
-Различни уставни модели има, еден е во Бугарија, друг е во Македонија. Ајде да се сконцентрираме кон поважните теми, 4+1. 4+1 даваат перспектива за враќање на довербата и договорот од 2017 година, вели Ќучук.
-Немаме проблем да ги впишеме во нашиот Устав и другите заедници коишто досега не се вклучени, како хрватската заедница, и црногорската, и бугарската заедница. Така што, постои јасна политичка волја за тоа. Нашиот став е дека тоа треба да се направи пред нашето влегување во ЕУ, вели Маричиќ.
Инаку, според најавите од Софија, во вторник на први февруари ќе се одржи првиот состанок на една од новите работни групи- во Скопје ќе пристигне бугарскиот тим од комисијата за економија, трговија и иновации. Три дена подоцна ќе се случи и најавеното заедничко чествување на Гоце Делчев по повод 150 години од неговото раѓање, но без присуство на премиерите Ковачевски и Петков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…
Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија
Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…
Македонија ја прегази Бугарија за финале на…
Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…
МНР: Очекуваме Бугарија да ги преземе сите…
Република Северна Македонија е силно посветена на…
(Видео) Огромен пожар од Бугарија се движи…
Огромен пожар беснее кај Струмјани во Благоевградско,…