Петков договори седум танкери течен гас за Бугарија
Бугарската Влада во оставка на премиерот Кирил Петков, денеска, на почетокот на седницата, соопшти дека се договорени седум товарни бродови со течен гас, јавува дописникот на МИА од Софија.
Петков кажа дека техничката влада и Министерството за енергетика треба да потпишат предлог договор за испораката на овие седум товарни бродови со течен гас. Овие испораки, според Петков, тие ќе ја подобрат енергетската безбедност на Бугарија во наредните месеци.
Услов за добивање на овие количества гас е следниот месец идната бугарска техничка влада да ја обезбеди потребната инфраструктура за пренос на гасот од Грција и Турција.
Овој договор е важен чекор на бугарската владина екипа, заедно со Европската комисија, да обезбедат природен гас за зимските месеци – истакна Петков.
На овој начин, бугарскиот премиер во оставка ќе инсистира актуелната влада да обезбеди континуитет на енергетската тема со идната официјална влада.
Бугарскиот претседател, Румен Радев, денеска при враќањето на мандатот за формирање влада, изјави дека владата во заминување остава хаос во енергетската политика.
Независни аналитичари во Софија предупредија дека преодната влада на Радев ќе се обиде да ги обнови односите со руската енергетска компанија „Газпром“ и ќе почне да плаќа во рубљи за испораките на гас што беа прекинати по вина на Русија кон крајот на март, бидејќи Бугарија одби да плати во руски рубљи, бидејќи ова е со прекршување на договорот за плаќање во евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарскиот парламент забрани промоција на нетрадиционална сексуална…
По повеќе од 4 часа дебати и…
Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…
Двометарски нилски крокодил живее во јама на…
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…
Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија
Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…
Македонија ја прегази Бугарија за финале на…
Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…