Петков: Нема Македонци во Бугарија, има Бугари во Македонија
Без анекс на Договорот за добрососедство и со добра волја за приближување на релациите меѓу двете земји, но со повлекување од декларираните шест месеци тоа да се реализира новиот бугарски премиер Кирил Петков, во вторник ќе допатува во Македонија за да се сретне со новиот македонски премиер, на кого пак со состанокот со Петков ќе му започне вторио работен ден на чело на владата. Петков непосредно пред доаѓањето во Македонија во интервју за Медиумската информативна агенција негира дека со себе носи анекси на Договорот за добрососедство меѓу двете земји.
„НЕМАМ ПОДГОТВЕН ДОКУМЕНТ ИЛИ НЕШТО, БИДЕЈЌИ СИТЕ ТИЕ ДОКУМЕНТИ НЕМААТ ПОЕНТА, АКО НЕ ИМ ДАДЕМЕ ВИСТИНСКА МОТИВАЦИЈА ДЕКА МОРА ДА ЈА ЗАВРШИМЕ РАБОТАТА. ЈАС ПРЕДЛАГАМ ДОКУМЕНТИТЕ ДА ГИ ОСТАВИМЕ КАКО ВТОР ЧЕКОР, А ПРВО ДА ПОЧНЕМЕ, ЗА ДА ИМА НЕШТО ЗА ШТО ЌЕ ПИШУВАМЕ ВО СЛЕДНИОТ ДОКУМЕНТ. ИНАКУ, ОПАСНОСТА Е ДЕКА НИЕ ЌЕ НАПИШЕМЕ ДОКУМЕНТ И ПОСЛЕ ШТО ОД ТОА“, ВЕЛИ ПЕТКОВ ВО ИНТЕРВЈУТО ЗА МИА.
Според Петков поважно е да се формираат работните групи и да почне дијалогот отколку да се даваат рокови за тоа да се реализира. А токму рокот од шест месеци кој тој лично при преземањето на премиерската функција пред еден месец го постави за постигнување на резултати со Македонија Петков вели дека никогаш не кажал такво нешто.
„РОКОТ ОД ШЕСТ МЕСЕЦИ КОЈ ЈАС ГО ПОСТАВИВ БЕШЕ РАМКАТА ВО КОИ РАБОТНИТЕ ГРУПИ ТРЕБА ДА ЈА ВРШАТ СВОЈАТА РАБОТА И ДА ИМААТ СРЕДБИ СЕКОЈ МЕСЕЦ. НИКОГАШ НЕ СУМ ДАЛ ТОЧЕН РОК ЗА ЕДНО ИЛИ ДРУГИ РЕШЕНИЕ“, ИЗЈАВИ ПЕТКОВ.
Она што Петков го кажува и во двете интервјуа е дека за време на посетата на Скопје ќе им порача на македонскитее колеги дека е време политичарите да се престанат со едностраните изјави и да ги засукаат ракавите. Но ќе испрати и уште една порака, за недискриминација на Бугарите во Македонија и нивното впишување во македонскиот Устав.
„ТОА Е ЕДНА ОД ТЕМИТЕ КОИ ЈАС БАРАМ ДА ГИ ДИСКУТИРАМЕ СО ПРЕТСТАВНИЦИТЕ ОД ДРУГАТА СТРАНА. НО КАКО ТОА ДА СЕ СЛУЧИ, КАКОВ Е ТОЧНИОТ МЕХАНИЗАМ, КАКО ДА ГО НАПРАВИМЕ… СО СИГУРНОСТ ТОА ТРЕБА ДА СЕ СЛУЧИ ВО ЕДЕН МОМЕНТ. ПРАШАЊЕТО КОГА Е ВИСТИНСКИОТ МОМЕНТ ТОА ДА СЕ СЛУЧИ И НА КАКОВ НАЧИН“, РЕЧЕ КИРИЛ ПЕТКОВ, ПРЕМИЕР НА БУГАРИЈА.
Но ако Петков за интервенцијата во македонскиот Устав вели дека не може да се направи на сила и со виткање на раце, туку преку конструктивни разговори, она за што не е подготвен по ниедна цена да разговара е за Македонците во Бугарија.
„НЕ ПОСТОИ ТАКВО МАЛЦИНСТВО И ЗА ТАКВО МАЛЦИНСТВО НЕ МОЖЕ ДА СЕ ЗБОРУВА. САМО ДА ИМ ПОРАЧАМ ЈАСНО НА СИТЕ: ПО ОВАА ТЕМА ИМА 100 ПРОЦЕНТИ ТВРД СТАВ И РАЗБИРАЊЕ ДЕКА ПО ОВАА ТЕМА НЕ МОЖЕ ДА СЕ РАЗГОВАРА“, ВЕЛИ ПЕТКОВ.
Освен за непостоењето на македонско малцинство во Бугарија Петков порача и дека постои усогласен став на бугарската политика, потврден од Консултативниот совет за национална безбендост пред една недела, дека позицијата на Бугарија кон Македонија не е променета, само е надградена со работни групи.
Петков во интервјуто за бугарската БТВ на прашањето на каков компромис е подготвена Бугарија за да се придвижат работите со Македонија, вклучително и впишување на Бугарите во македонскит Устав, рече дека компромисот на кој е подготвена Бугарија е организирање и финансирање на авионска линија Софија – Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Да имаше стабилна влада во Бугарија…
Портпаролот на коалцијата ВЛЕН, Фари Хисени вели…
Бугарија ќе ја добие втората жена премиер…
Бугарскиот премиер Румен Радев ја назначи Горица…
Се огласија од Бугарија: Мицкоcки манипулиpа, има…
Националното претпријатие за железничка инфраструктура, кое е…
Бугарскиот парламент забрани промоција на нетрадиционална сексуална…
По повеќе од 4 часа дебати и…
Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…
Двометарски нилски крокодил живее во јама на…