Објавено на:

Петков: Скопје сега има избор за својата иднина

t

Скопје сега има избор за својата иднина, Бугарија не може да носи одговорност за сите, изјави бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков во интервју за Бугарското национално радио (БНР), коментирајќи ја позицијата на Софија по одлуката на Народното собрание за прифаќање на нацрт-предлогот на француското претседателство со ЕУ за деблокирање на европскиот пат на Македонија.

Според Петков, со прифаќањето на „францускиот предлог” Бугарија успеала да ги заштити своите национални интереси.

– Направивме нешто неверојатно. Првпат Брисел ја поддржа бугарската позиција, рече Петков.

Тој нагласи дека ако земјава се согласи со предлогот на Париз, ќе треба да ги вклучи Бугарите во Уставот пред да го почне преговарачкиот процес со ЕУ.

– Имаме јасни контролни механизми за говорот на омраза и дискриминацијата. Имаме многу јасни дефиниции за историските факти и образованието во училиштата во Македонија, тврди Петков.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојана Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи во петокот порачаа дека Македонија ќе го прифати предлогот на француското претседателство за старт на преговорите со ЕУ доколку во преговарачката рамка не биде преблематизирано прашањето за македонскиот јазик и не бидат вклучени историските прашања и доколку почетокот на преговарачкиот процес не биде врзуван со внесување на Бугарите во Уставот.

Османи истакна дека негов личен став е оти „францускиот предлог” би станал профатлив, доколку од предложената преговарачка рамка се исклучи засега неусогалсениот протокол од втората македонско-бугарската Меѓувладина конференција, која се уште не е одржана и доколку се промени планот за динамиката за промена на Уставот, односно стартот на преговотите да не се условува со вклучување на Бугарите во Преамбулата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Бугарија паралелно се одржува и „Софија…

Овогодинешниот „Софија Прајд“, организиран во поддршка на…

УЖАС во Бугарија: 773 возрасни лица починале…

Општина Маглиж, Бугарија, откри застрашувачки податоци за…

Македонските и бугарските историчари повторно не се…

Предлог-препораки за македонските учебници за седмо одделение,…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Ангел Димитров: Нема напредок во работата на…

Денес во Министерството за надворешни работи на…