Петков: Францускиот предлог е најдобар, утре одново во 14 часот ќе заседава комисијата
Владата во Бугарија попладнево заседавала и е одлучено дека решение за францускиот предлог треб да донесе Народното Собрание, ова го изјави премиерот Кирил Петков попладнево за Би-Ти-Ви.
Утре во 14 часот, одновно ќе заседава комисијата за надворешна политика при Народното Собрание во Бугарија, отакако денеска не дискутираше по францускиот предлог.
„Утре во 14 часот (македонско време) одновно се свикува комисијата во Народното Собрание и Министерството за надворешни работи ќе отиде со цела експертиза да објасни на сите пратеници и граѓани на Бугарија кои се интересираат за да објасни зошто фрацускиот предлог е најдобар“, рече попладнево еден час пред гласањето за недоверба премиерот Кирил Петков во интервју за Би-Ти-Ви.
Петков рече дека претходно тој бил обвнуван дека сам ќе донесе решение за Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…
Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија
Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…
Македонија ја прегази Бугарија за финале на…
Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…
МНР: Очекуваме Бугарија да ги преземе сите…
Република Северна Македонија е силно посветена на…
(Видео) Огромен пожар од Бугарија се движи…
Огромен пожар беснее кај Струмјани во Благоевградско,…