Петмина малолетници и еден возрасен биле заглавени во село Рајчани – извлечени се со теренско возило

Петмина малолетници и еден возрасен биле заглавени во село Рајчани и пријавиле дека не можат да се симнат во Кочани, соопшти ЦУК.
-Во 09.53 часот преку Единствениот телефонски повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за пет (5) малолетни лица и едно (1) возрасно лице дека поради обилните снежни врнежи се заглавени во с. Рајчани, Општина Кочани и не можат да се симнат во Кочани. Од ЦУК, преку Секторот за операции и координација, веднаш е контактирано со СВР Штип, ПС Кочани и со лицето за контакт од Општина Кочани и Градоначалникот на Општина Кочани, за координирање на активностите. Во 11.50 часот лицата се извлечени со теренско возило на член на Доброволна планинска спасувачка служба „Осогово“ од Кочани и истите безбедно се однесени и предадени на нивните родители, рекоа од ЦУК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во тек е акција на МВР: Се…
МВР рано утринава прави претрес на повеќе…
Тошковски на прашање на Инфомакс: Еден од…
На јавноста ѝ е познато кои двајца…
Под истрага 18 членови на „Беланоца –…
ОЈО ГОКК сподели детали за вчеашната акција…
Голема акција за апсење во Краљево, буџетот…
Во Краљево денеска се уапсени 15 лица,…
(Видео) Филмска акција на МВР: Запленета дрога…
На 14.04.2023 полициски службеници од Одделот за…