Петмина осомничени за “Делчевски ниви” одат во притвор
Петмина од седумте осомничени за ,,Делчевски ниви” вечерва ќе одат во притвор во истражниот затвор ,,Скопје”, еден во домашен притвор, а на една осомничена и е одземен пасошот и има забрана да го напушти градот во кој живее.
Оваа одлука предмалку ја донесе судија на претходна постапка, откако Обвинителството денеска отвори истрага и побара мерки за обезбедување на осомничените.
-По произнесување на Јавниот обвинител и осомничените лица во присуство на нивните бранители, судија на претходна постапка, ценејќи ги фактите приложени во предлогот, донесе решенија со кои делумно го прифати предлогот и на: И.Г., М.М., Д.Т., О.Т. и В.И. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека на Д.Ќ, му определи мерка куќен притвор, заради постоење на основите од член 165 ст.1, т.2. од ЗКП односно постоење на околните кои укажуваат на опасност дека ќе ја попречат истаргата со влијание на сведоци, вешти лица, соучесници или прикривачи. Воедно судијата го прифатен е предлогот на обвинителството и донесе решение со кое на обвинетата М.И. и определи мерки за претпазливост. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд, велат од Кривичниот суд.
Седумината осомничени вчера беа уапсени и однесени во полициска станица.
Во случајот осомничени се двајца управители на „ЕВН Електрани Македонија“, Игор Гиевски и Мирослав Митровски. Како што дознава „Фокус“, Гиевски, кој е поранешен претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, бил разрешен од позицијата пред околу 3 месеци, а Митровски, кој е син на поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров, Сокол Митровски, се уште е вработен.
Меѓу осомничените е и Дарко Тодоровски, кој е поранешен советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево, како и Орце Тодоровски -Ефто, кој важи за близок на лидерот Христијан Мицкоски. Има и еден брачен пар, Влатко и Марија Илиевски. За Илиевски владејачката партија тврди дека му е телохранител на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски. Со кривичната пријава е опфатен и Дарко Ќурчиски кој поседува бензинска пумпа во Делчево.
Според истрагата, парцелите биле продадени на ЕВН Електрани по цена од околу 800 денари за метар квадратен, а сопствениците на земјиштето само три недели претходно го купиле по цена од 15 до 20 денари за метар квадратен.
Финансиската полиција се сомнева дека управителите свесно и со намера, изготвиле анализа во која прикажале лажни податоци за земјишта во делчевско кои не ги исполнуваат законските услови за пренамена од земјоделско во градежно земјиште со цел ЕВН на истите да гради фотонапоснки централи.
-Со тоа тие го довеле во заблуда Управниот одбор на ЕВН Македонија да донесе Одлука за склучување на договори за купопродажба на недвижен имот за изградба на фотонапонски централи, врз основа на која одлука се склучени договори со останатите четворица пријавени. Така управителите овозможиле на сметките на дел од пријавените од ЕВН да се исплатат вкупно 99.431.060 денари за земјишта чија реална пазарна вредност изнесува 2.146.723 денари, велат од Управа за финансиска полиција.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Николовски:Производителите на ориз добиваат вода до своите…
Квалитетен и навремен пристап до вода за…
Најскапите ниви во Европа се на Малта,…
На ниво на Европската Унија, цената на…
Петмина осомничени за “Делчевски ниви” одат во…
Петмина од седумте осомничени за ,,Делчевски ниви”…