Петнаесет банкари во Грција имаат годишни плати повисоки од еден милион евра
Вупно 2.122 директори на банки во Европа во 2023 година добиле хонорари од над еден милион евра на име на годишна плата. На овој список се и 15 директори на грчки банки, чии имиња не се споменуваат, ниту пак се знае од која банка доаѓаат, а нивниот број е двојно зголемен од 2022 година.
Во податоците што се однесуваат на Кипар, се чини дека во 2023 година на Кипар имало двајца високоплатени банкари кои имале вкупна годишна плата од 1.377.742 евра, што е нивен фиксен надомест, додека нивниот вкупен варијабилен надоместок достигнува 798.500 евра. Ова е според извештајот објавен од Европската банкарска управа (ЕБА) за високо платените директори на банки во 2023 година. Нивниот број во Европа се зголемил за 5,2% (од 2.017 во 2022 година на 2.122 во 2023 година), зголемување што главно се припишува на добрите перформанси на банкарскиот сектор и зголемувањето на нивоата на платите поради инфлацијата. Највисоко платените директори на банки во ЕУ се во инвестициското банкарство (793 од 2.122), а потоа следат членовите на одборот (652 од 2.122), објави То Вима.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија во Грција: Хеликоптер се урна во…
Хеликоптер се урна во морето во близина…
Силен земјотрес во Грција, туристи во паника…
Силен земјотрес од 5,2 степени според Рихтеровата…
Трагедија во Грција: Србинка се удави во…
Тешка трагедија го потресе грчкото летувалиште Сивири…
Грција најавува повисоки казни за возење пијани…
Грција наскоро ќе воведе построг закон за…
Драма во Грција: Србин спасил Македонец од…
Вистинската драма се одвивала во Грција кога…