Петнаесет деца се удавиле во поплавите во Бангладеш
Петнаесет деца се удавиле во поплавите кои го зафатиле Бангладеш.
Итно е потребно да се обезбеди чиста вода за пиење за 3,5 милиони луѓе, бидејќи расте опасноста од избивање на болести кои се пренесуваат со вода, соопштил денеска претставникот на УНИЦЕФ Шелдон Јет во Женева.
„Тоа е шокантен број на настрадани деца и зголемување на вкупниот број на жртви во последните неколку дена. Огромни области се целосно поплавени и отсечени од вода за пиење и резерви на храна. На децата во овој момент им е потребна помош“, навел Јет, пренесува “Reuters”.
Тој додал дека владите на различни земји и агенции побрзале да обезбедат хуманитарна помош, вклучувајќи и вода за пиење, по изненадните поплави кои зафатиле четвртина од Бангладеш и ја нарушиле работата на здравствените установи, ги затвориле училиштата и ја загрозиле борбата против неухранетоста на децата, наведува британската агенција.
„Бројот на случаи на дијареја пораснал на 2.700 од средината на оваа недела“, додал тој, пренесува “Reuters”.
Властите во Бангладеш и соседна Индија предупредиле на ризикот од избивање на епидемија на болести кои се пренесуваат преку вода. Насред најлошите поплави во Бангладеш во последните сто години, повеќе од 4,5 милиони луѓе се отсечени од светот, а десетина го изгубиле својот живот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Демонстрантите во Бангладеш упаднаа во палатата на…
Демонстрантите во Бангладеш упаднаа во палатата на…
Во удари од гром во Бангладеш за…
Експертите за клима од Бангладеш бараат поголема…
Се приближува силен циклон долж бреговите на…
Активисти волонтери во крајбрежните области во Бангладеш…
Бангладеш ќе го крати работното време за…
Бангладеш ќе ги затвора училиштата уште еден…
Петнаесет деца се удавиле во поплавите во…
Петнаесет деца се удавиле во поплавите кои…