Петревски: Реиндустријализација на Македонија

t

Генералниот секретар на ГРОМ, Крсте Петревски, на социјалната мрежа фејсбук со предлог економска политика за Македонија. Текстот го пренесуваме интегрално:

– „На Македонија и треба нова економска политика, нов лајт мотив а тоа е реиндустријализацијата.
Последниве три декади нема вистински економски концепт кој на долг рок би имал економски равој на државава.
Тешко може да се каже дека кај нас има некаков сериозен економски концепт, до сега се беше само убави желби и празни ветувања на многу од досегашните влади.

Ние не сме претерано атрактивна земја за да странските инвеститори трчаат да вложуваат во Македонија. Нашата институционална состојба е една од најлошите во регионот.
Затоа треба да ги искористиме сопствените потенцијали.

Доколку вистински сакаме да тргнеме во процес на реиндустријализација тој би морал да биде базиран на правење нови индустриски капацитети.

Реиндустријализацијата ќе се случи тогаш кога во Македонија ќе направиме добро деловно опкружување како сервис на економијата, кога државата ќе троши помалку и кога ќе ни профункционира правосудниот систем.
Таа би морала да се базира на мали и средни претпријатија. Бидејќи невозможно е сега да рестартираме некој од разурнатите стари гиганти од времето на поранешна Југославија кои беа проектирани за продажба на пазар неколку пати поголем од сегашниот.

Реиндустријализацијата подразбира воведување нови технологии во области кои веќе се традиционално присутни на пазарот во Македонија, тоа е пред се е: земјоделие, прехрамбена индустрија, ИТ индустријата, автоиндустријата, енергетскиот сектор, производство на минерална вода и друго.
Дали може да ги искористиме сопствените предности?
Предуслов за такво нешто постои. Македонија во тој правец има компаративни предности, кои би можеле да се искористат за опоравување на економијата.

За разлика од останатите земји, каде монетарната политика на пример во ЕУ ја води Европската централна банка, ние имаме сопствена централна банка и своја валута. Значи имаме потполна контрола на финансиските текови во земјата.
Мислам дека тука има одредени резерви кои можат со паметна монетарна политика тие средства да се искористат, наместо со задолжување во странство да се врши интерно задолжување во земјата, со механизми тоа да не биде инфлаторно.

Нешто слично како што се прави во Англија, Европа и САД преку процес кој се вика ‘quantitave easing’. Тоа всушност е еден вид примарна емисија која се насочува за да помогне во развој на малите и средните претпријатија или одредени институции и капацитети важни за развој на една земја.

Мора на вистината да и се погледне во очи. Факт е дека граѓаните неколку децении не виделе економски напредок.
Најважниот момент е да тоа се каже на граѓаните, да се каже вистината, да престанеме да им даваме лажни ветувања за подобро утре кое само што не се случило со отпочнување на преговорите со ЕУ.

Време е да се направи економски концепт кој ќе донесе вистински економски развој и ке ја направи Македонија достоинствено место за живеење.“ – Напиша Петревски на фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ започна истрага против МЕТА: „Фејсбук и…

Европската унија започна истрага против Мета, сопственикот…

ПОРАЗИТЕЛНИ БРОЈКИ! Андоновска: 3,4 доктори, 0,9 стоматолози…

-На 1000 жители имаме 3,4 доктори, вклучително…

Повторно падна Фејсбук…

Апликациите на МЕТА повторно се соочуваат со…

Првични информации: Зошто падна Фејсбук?

Оштетени подморски кабли во Црвеното море се…

Се врати Фејсбук: Останатите платформи сè уште…

Фејсбук успеа да ги врати своите услуги…