Петровска – Балфорт: Потребен е брз почеток на прегoвори на Македонија со ЕУ

t

Западен Балкан мора да биде високо на агендата на Европската Унија. ЕУ мора да биде решителна и што поскоро да ги започне пристапните преговори со Македонија, истакна денеска министерка за одбрана Славјанја Петровска на средбата со Јоанеке Балфорт, директорка за безбедносна и одбранбена политика на Европската служба за надворешно дејствување, која е во посета на Скопје.

На средбата, како што соопшти Министерството за одбрана, министерката Петровска се осврна на потребата за видлива и брза европска перспектива на земјите од регионот, која е исклучително важна особено во овие времиња на безбедносни предизвици на континентот.

Таа додаде и дека овој процес влијае и на кредибилноста на Унијата.

Петровска истакна дека заедничката безбедносна и одбранбена политика е уште една алатка за зацврстување на односите со регионот, а надворешната политика на Македонија е целосно во согласност со оваа безбедносна и одбранбена политика на Унијата.

Балфорт од своја страна се согласи дека Македонија е подготвена за почеток на преговори.

– Се надеваме дека ќе можеме брзо да ги започнеме пристапните преговори, што ќе даде исклучително позитивен импулс. Македонија е подготвена за овој процес, порача Балфорт.

Таа се заблагодари за целосната усогласеност на надворешната политика на Македонија со Заедничката безбедносна и одбранбена политика на Унијата.

Во однос на соработката помеѓу НАТО и ЕУ, Петровска и Балфорт заклучија дека и двете организации имаат заеднички предизвици кои бараат заеднички решенија. Тие истакнаа дека и НАТО и ЕУ мора да работат заедно на многу прашања, особено во градењето отпорност против заканите.

На средбата стана збор и за блиската соработка во градењето на капацитети во справувањето со хибридните закани и особено дезинформациите, како предизвик со кој се соочуваат и земјите од Западниот Балкан и членките на Унијата.

Македонија од 2006 година дава свој придонес во операцијата ЕУФОР-АЛТЕА во Босна и Херцеговина, а од 2020 година е дел и од тренинг-мисијата на ЕУ во Централноафриканската Република.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ројтерс: Нов удар за демократите, Кенеди Јуниор…

Независниот кандидат за претседател на САД Роберт…

Карлсон: Обичните Американци се борат со сиромаштијата…

Американските власти повеќе се грижат за корумпираните…

Азербејџан официјално поднесе барање за пристапување во…

Баку официјално поднесе барање за пристапување во…

(Фото) Убиениот Ефтимов откупувал и продавал злато,…

Васил Ефтимов, кој вчера наутро беше застрелан…

Урош Блажиќ призна вина за масакрот, но…

Обвинетиот Урош Блажиќ денеска на почетокот на…