Петровска ги кани сите граѓани на забава по повод 30 години од формирањето на АРМ
Министерството за одбрана со концертна програма денес ќе го прославува Денот на армијата и јубилејот 30 години Армија. Настанот ќе започне во 18.30 часот на Воен Стадион, Градски парк Скопје. Најавени се настапи на повеќе изведувачи, помеѓу кои Кики од Дајте музика, Пере од Нокаут, Дац и Александар, диџеј Бабура Јуниор, Ласт експедишн, Еурека танц студио, Воен оркестар…
-Армијата на Република Северна Македонија точно три децении е стожерот на нашата државност, стабилноста и безбедноста на секој од нас, дел од најмоќниот воено-политички сојуз, Армија која секој граѓанин ја смета за своја. Навистина имаме на што да бидеме горди, објави министерката Славјанка Петровска, потсетувајќи на модернизирањето на Армијата, на изгласување на Законот за служба во Армијата со широка поддршка, во соработка со сите чинители, голем чекор напред во подобрување на местото и условите на секој еден војник во нашето општество, како и на Концепт МКД Одбрана 2030 што се состои од три главни столбови и пет клучни мисии, комплементарен со Стратегијата НАТО 2030 и Стратешкиот концепт на НАТО.
-Драги граѓанки и граѓани, ве поканувам во среда – 17 август, заеднички и достојно да го одбележиме овој значаен армиски јубилеј, со што ќе искажеме благодарност на нашите припаднички и припадници во војничка униформа, кои се секогаш тука за нас- порача Петровска.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вечен спомен ќе биде Карпалак – 23…
Масакрот кај Карпалак е најброен масакр врз…
Хеликоптери на АРМ и МВР помагаат во…
Два хеликоптера на АРМ и МВР, заедно…
Армијата ангажира дополнителни 200 војници за гасењето…
Армијата ангажира дополнителни сили за гасењето на…
Припадничките на Армијата рамо до рамо со…
Рамноправно со своите колеги од вториот пешадиски…
Пентагон потврди: Напаѓачот на Доналд Трамп немал…
Пентагон потврди дека напаѓачот на поранешниот американски…