Петровска: „Гордата дипломатија“ на ВМРО-ДПМНЕ доживеа дебакл и доведе до проблематизирање на јазикот

t

ВМРО-ДПМНЕ треба да се запраша што правеше година дена, како тоа од водење на горда дипломатија и со наводно „исправена кичма“, се доведе во ситуација да пратеник од сестринска партија поднесе амандман со кој сака да го проблематизира македонскиот јазик, јазикот на оваа држава, на македонскиот народ, истакна пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Петровска нагласи дека СДСМ нема проблем со своите сестрински партии и претседателот на СДСМ на партиски настан кај социјалдемократите, лобираше во интерес на Македонија.

-Додека бевме власт гарантиравме дека идентитетот и јазикот ќе бидат нечепнати, дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт со својата самобендисана и арогантна политика и политика на карање со соседите и карање и спротиставување со членки на Европската Унија се доведе во ситуација јазикот и идентитетот да бидат повторно оспорувани, истакна Петровска, додавајќи дека Европската унија го признава македонскиот јазик и македонскиот идентитет со официјални документи.

ВМРО-ДПМНЕ треба да размисли каква политика води и на каде ја тера Република Северна Македонија и по кој пат ја носи, додаде таа.

-Дали кон коалицирање и стратешки партнерства со Унгарија, а впрочем и во овој извештај многу убаво е наведено што мисли Европскиот парламент за партнерствата и соработката со Унгарија и ги смета за прокси на Русија и на Кина, рече Петровска.

Пратеничката Петровска нагласи дека од ВМРО-ДПМНЕ, на кое не му се бендисуваат уставните измени, ако не сакаат Бугарите да бидат признаени како малцинство и разграничени, со што се побива онаа теза дека ние и Бугарите сме еден народ поделени во две држави, се очекува јасен план што треба да направи за да се откочи процесот на пристапување кон Европската Унија.

Ако ВМРО-ДПМНЕ продолжи со ваквата политика тогаш е многу извесно дека нашите позиции за една година од сега ќе бидат уште пострашни и уште полоши, истакна пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петровска: „Гордата дипломатија“ на ВМРО-ДПМНЕ доживеа дебакл…

ВМРО-ДПМНЕ треба да се запраша што правеше…

Апасиев: Овој треба да е во притвор…

Наместо да биде во притвор за трагедијата…

Лишен од слобода мотоциклистот кој усмрти пешак…

Во СВР Скопје вчера е пријавено дека…

Марта Кос со силна порака од Скопје:…

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, во своето…

Османи со Бектеши во чаршија: Прво појавување…

Потпретседателот на ДУИ и поранешен министер за…