Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од паричниот надомест: „Не сакам пари од нечесник“
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска ја добила судската постапка против пратеникот Драган Ковачки, кој тврдеше дека криела имот во скопската населба Радишани. Ковачки во 2022 година клеветел дека Петровска поседува луксузна хациенда со базен, кој не го пријавила во Антикорупциската комисија. Како што тврдеше тогаш пратеникот, тој имот бил дивоградба.
-Како што ветив транспарентност од почеток до крај на процесот против изнесените лаги, клевети и навреди од страна на Драган Ковачки врз мене сакам да Ве известам дека Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел да ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста, објави Петровска.
Во пресудата стои дека министерката се откажала од паричната надомест во вредност од 610.000 денари.
-Како што кажав и на почетокот во медиумите: “Пари од нечесник не сакам” и Ве известувам дека се откажав од паричниот надомест, се додава во објавата на Петровска.
Министерката во судница со катастарска документација, докажуваше дека никогаш не изградила хациенда во Радишани.
Претходно Петровска најави уште една тужба за Ковачки по обвинувањата на пратеникот дека претставници на военото разузнување биле уапсени во Косово додека биле таму во тајна мисија. Петровска покажа официјален допис од косовските власти во кој, како што рече, стои дека таков настан воопшто не се случил, порачувајќи му на Ковачки дека, ако има сомнеж во нејзиниот капацитет да ја води одбраната, да покрене интерпелација за неа, наместо да бара од премиерот да ја разреши со тврдењето дека била ментално и психички нестабилна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петровска до ВМРО-ДПМНЕ: Каде сте „патриотчиња“ –…
Во синоќешното обраќање од собраниската говорница, ексминистерката…
Пресуда: Осуден полицаецот кој лажел за Јане…
Исказите на полицискиот службеник дека Јане Ченто,…
Тужба против Фејсбук и Инстаграм поради „овозможување“…
Платформите на Марк Цукерберг се „почва за…
Американската држава Тексас го тужи Фајзер поради…
Фармацевтскиот гигант ја измами јавноста за ефикасноста…
Израелски медиуми: Денес беше најкрвавиот ден за…
Израелските медиуми објавија дека денес бил најкрвавиот…