Петровска – Жоли: Покажавме заедништво во зацврстувањето на безбедноста на источното крило

t

Македонија и Канада покажаа заедништво во зацврстувањето на безбедноста на источното крило на НАТО.

Канада иако не е членка на ЕУ, цврсто е уверена дека местото на Македонија е во Европската Унија, како единствен начин за зацврстување на стабилноста, напредокот и за понатамошен развој на трансатлантската соработка, заклучија на денешната средба министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Жоли, која е во посета на нашата држава.

На средбата Петровска и Жоли разговарале за македонско-канадската одбранбена соработка, како и посветеноста на двете земји во зацврстувањето на колективната безбедност на НАТО, преку учество во мултинационалните сили на Алијансата на источното крило.

-Руската агресија врз Украина и целосното непочитување на воспоставениот меѓународен правен поредок ни покажа дека мораме постојано да бидеме будни и посветени на одбраната на нашите вредности – нашата демократија, слобода и сувереност. Благодарност до нашите канадски сојузници под чие водство припадниците на македонската Армија и останатите сојузници во рамките на мултинационалните сили на НАТО во Латвија, ја зацврстуваат безбедноста на сите членки на НАТО, рече Петровска.

Министерката Жоли истакна дека Канада високо го цени учеството на припадниците на Армијата на Република Македонија во мултинационалните сили на НАТО во Латвија и порача дека тие се значаен дел од колективната безбедност на Алијансата и сигурноста на сите земји-членки.

Жоли потенцираше дека Канада иако не е членка на ЕУ, цврсто е уверена дека местото на Македонија е во Европската Унија, како единствен начин за зацврстување на стабилноста, напредокот и за понатамошен развој на трансатлантската соработка.

Жоли го поздрави ставот на министерката дека уставните измени неодложно треба да се донесат бидејќи претставуваат потврда на мултикултурализмот во земјата, а Канада како мултикултурна држава тоа го разбира и поддржува. Поддршката за уставните измени не значи гласање за или против Владата, туку значи поддршка за Македонија, рече Петровска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЛДП го поддржува предлогот од 5% од…

„Во пресрет на претстојниот самит на НАТО,…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…