Петровска започна консултации за процесот на трансформација на системот за одбрана на земјава
Министерката за одбрана Славјанка Петровска почна широки консултации во процесот на трансформација на системот за одбрана кој продолжува по членство на земјата.
Армијата и Министерството за одбрана се насочени кон зајакнување на човечките капацитети затоа што модерна опрема се купува, можете да ја набавите, но инвестирањето во човечките ресурси е нешто кое што е подолготрајно и за што треба особено сите ние да се заложиме, нагласи министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната средба со претставници на невладините и тинк-тенк организации.
Она што како министерка за одбрана би го зела како обврска од овој денешен состанок е да обезбедиме дополнително поддршка од Одделот за јавна дипломатија и Фондот наука за мир на Северноатлантската алијанса во утврдување на потребите и приоритетните области за кои преку јавните повици практично ќе може да се обезбеди финансирање од НАТО на проекти – токму ваши проекти кои ќе имаат една единствена улога, а тоа е зајакнување на граѓанската и цивилната контрола на системот на одбрана и Армијата, се разбира адресирајќи ги оние слаби точки или она што нас сите не засега, а тоа е борбата против лажните вести, хибридните закани, креирањето на јавни политики во одбраната итн., посочи Петровска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петровска до ВМРО-ДПМНЕ: Каде сте „патриотчиња“ –…
Во синоќешното обраќање од собраниската говорница, ексминистерката…
Толку од офанзивата, Украина се спрема за…
Украинскиот премиер Денис Шмигал изјави дека Украина…
Нема конкретна закана за напад врз Македонија,…
Во овој момент не постои конкретна закана…
Русија ги мотивираше: Скандинавските земји ќе ја…
Петте скандинавски земји соопштија дека сакаат да…
ЕУ се наоружува: Унијата одвои дополнителни 200…
Европската комисија денеска усвои план за зајакнување…