Петровска: И како министерка, но и сега се грижев и се грижам за угледот на Армијата

t

Преговарав со сите синдикати и успеавме да усогласиме нов колективен договор, Позадината на оваа кривична пријава е лукративна и таа не ги решава проблемите со кои се соочува подносителот кои се од лична материјална природа, изјави за Фокус министерка за одбрана Славјанка Петровска, откако Независниот синдикат на професионални војници (НСПВ) поднесе кривична пријава против неа, поради сомнение дека ја злоупотребила својата службена положба, со тоа што го спречила синдикалното движење и неговото работење за подобрување на правата на припадниците на Армијата.

– И како министерка, но и сега се грижев и се грижам за угледот на Армијата и од тие причини нема да изнесувам детали, со оглед на тоа дека Насковски е нејзин припадник, но бидејќи ја знам позадината, а таа е далеку од законите ќе поднесам граѓанска тужба за клевета и нарушување на мојата чест и углед, тврди Петровска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петровска до ВМРО-ДПМНЕ: Каде сте „патриотчиња“ –…

Во синоќешното обраќање од собраниската говорница, ексминистерката…

Славјанка е новата министерка за одбрана?

Новиот лидер на СДСМ и мандатар за…