Петровска на средби со високи претставници на НАТО: Ја гарантираме безбедноста на Алијансата и над една милијарда луѓе!
Министерката за одбрана на Македонија, Славјанка Петровска, денеска одржа средби со Мирчеа Џоана, заменик генерален секретар на НАТО и со претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмиралот Роберт Бауер, соопшти министерката на Фејсбук.

– На состанокот со заменикот генерален секретар на НАТО, го потврдивме и реафирмиравме нашиот заеднички став – остануваме силно обединети во она што за сите 30 сојузници е главна цел: нашата колективна безбедност и сигурноста на нашите граѓани.

Со адмиралот Бауер, претседавач на Воениот комитет на НАТО, разговаравме за улогата на Алијансата за глобалната безбедност и одлучноста на земјите – членки да ја гарантираат безбедноста на територијата на НАТО и над една милијарда луѓе.

Македонија е составен дел од колективната одбрана и секој армиски припадник дава свој личен придонес кон безбедноста на Алијансата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЛДП го поддржува предлогот од 5% од…
„Во пресрет на претстојниот самит на НАТО,…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…