Петровска: Од скандирањето „УЧК“ корист нема никој
„Скандирањето на извиците ‘УЧК’, во било кое време, од било која партија, не е потребно, ниту ќе биде потребно. Корист од тоа нема никој. Тоа се надополнува на реториката на ВМРО-ДПМНЕ и ја враќа државата назад во едни темни времиња“ рече министерката за одбрана и носителка на листата во ИЕ6 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Славјанка Петровска во „Аргумент плус“ на ТВ24.
Таа додаде дека ќе направи се од себе за тие времиња да не се повторат, кога царуваше лажниот национализам.
„Во такво време се враќаат големите економски, социјални проблеми, па кога нема што да се зборува за нив се зборува за национализам“ рече Петровска.
За случајот со убиството на малата Вања, таа рече:
„Овој случај не беше одолговлекуван, ниту се обидуваше да се затскрие нешто како што паметиме кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт и исите функционери кои тогаш раководеа со одредени министерства, сега ги гледаме во првите редови за поддршка, веројантно им даваат инструкции“.
Петровска ја потсети јавноста дека по влегувањето во техничката влада, ВМРО-ДПМНЕ најави ревизија на случајот за убиството на малата Вања и за пријавувањето на исчезнувањата.
„Внатрешната контрола, која е една од секторите каде министерот Тошковски го промени раководниот кадар, најде дека нема никаква забелешка за овој случај за МВР“ рече Петровска.
Таа рече дека се надева дека по екстрадицијата на Палевски, која Република Турција ја одобри, семејството и јавноста ќе добијат целосна разрешница на овој случај.
Рече дека е „лицемерно да седите во Белата палата изградена на најкриминален начин и да кажувате дека сте за борба против корупција“.
„Многу работи се направени изминатите седум години, тоа го покажуваат сите извештаи за борба против коруоција. Можеме да ги погледнеме извештаите на Транспаренси Интернешнл, каде се гледа скокот. Но од оваа позиција на која што сум, дел од актуелната влада, можам да кажам дека треба и може уште повеќе“ рече министерката за одбрана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таравари горд што успеале да го ослободат…
Министерот за здравство Арбен Таравари го поздрави…
Хајзири кој уби српски полицаец во Лозница…
Албанецот Фатон Хајризи пукал во српската полиција…
Петровска до ВМРО-ДПМНЕ: Каде сте „патриотчиња“ –…
Во синоќешното обраќање од собраниската говорница, ексминистерката…
(Видео) Апасиев: Ај направете војна да ве…
- Албанската полиитчка елита во Македонија е…
Петровска: Од скандирањето „УЧК“ корист нема никој
„Скандирањето на извиците ‘УЧК’, во било кое…