Петровска: Осум месеци сум мета на напади поради мојот изглед, ама јас и понатаму сум на функцијата

t

Денес професиите не ги делиме на машки и на женски, туку нас жените нè има во секоја професија затоа што сметаме дека имаме доволно капацитет и квалитети кои треба да ги покажеме и со кои што треба практично да помогнеме во општественото живеење, а со тоа да и помогнеме и на нашата држава, истакна Славјанка Петровска во денешното гостување во емисијата „Приказна“ на Македонската радио телевизија.

Петровска додава дека жените не се само квота и бројка во општеството, туку дека даваат реални и квалитетни резултати. На прашањето дали општеството е подготвено за жена – премиерка или претседателка, Петровска подвлекува дека не станува збор за подготвеност, туку за тоа дали успешните жени се видливи пред јавноста.

– Убедена сум дека нашите граѓани одлуките на изборите без разлика дали се претседателски, парламентарни или локални во иднина сè помалку ќе ги носат врз основа на тоа дали некој кандидат е жена или маж, туку дали ќе бидат уверени во неговите или нејзините квалитети, смета Петровска.

Во однос на изложеноста на жените на сексизам и дискриминација, Петровска истакна дека таа појава сè уште постои и дека е потребна гласна осуда од целото општество, особено затоа што тоа може да доведе и до други несакани појави како психичко или физичко насилство.

– Јас бев предмет на напади и тоа во голем дел беа лични напади врз основа на мојот изглед, начинот на облекување. Тие веројатно имаа една единствена цел – а, тоа беше да ме демотивираат да продолжам по патот по кој сум започнала да одам. Како што гледате и после осум месеци од почетокот на тие напади, јас сè уште сум на истата позиција и не се колебам што сум тука. Им благодарам на сите добронамерни критичари и јавно и приватно кои ми даваат сугестии не само во поглед на моето однесување и облекување, меѓутоа и во поглед на работата, затоа што целта на секој од нас е да се стремиме да бидеме подобри во тоа што го работиме, а секогаш за добрите критики има доволно простор. Но, нападите ми беа изненадување затоа што на оваа позиција, очекував дека ќе дискутираме за критиките за начинот на кој што раководам со Министерството, за политиките кои ги водам и процесите кои се одвиваат, а не за нешто што јас лично го сметам за споредно, вели Петровска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петровска до ВМРО-ДПМНЕ: Каде сте „патриотчиња“ –…

Во синоќешното обраќање од собраниската говорница, ексминистерката…

Славјанка е новата министерка за одбрана?

Новиот лидер на СДСМ и мандатар за…