Петровска повика директорите на АНБ и сите засегнати да подлежат на полиграф за наводното следење
Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, на гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, ги повика сите засегнати, како и сите директори на АНБ, вклучително и сегашниот директор, да подлежат на полиграфско тестирање пред комисијата за надзор. Таа ја коментираше пракса на ДПМНЕ за наводното следење кога биле во опозиција и ја критикуваше нивната блокадата за декласификацијата на документите.
„Зошто не дозволивте да се декласифицираат документите кои се наводно дел од следењето, каде што може да се прочита целата содржина? Може ли вака да се договориме: ако не сакате да ги декласифицираме документите , бидејќи на комисијата беше попречен надзорот, дали се согласувате сите ние во Собранието секој што бил предмет на следење според закон, значи сите што излегоа во јавност, вклучувајќи ги сите директори на АНБ, исклучително сегашниот директор, да подлежат на полиграфско тестирање пред комисијата за надзор?“, истакна Петровска во дебатата на Канал 5 телевизија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петровска повика директорите на АНБ и сите…
Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, на гостувањето…
Петровска: АНБ не е своина на политичка…
Ставот на СДСМ е сакаме да има…
Седницата на комисијата за надзор над работата…
Ве известуваме дека Комисијата за надзор над…
ОЈО ГОКК и АНБ договориле „динамика за…
Заради зголемениот интерес на јавноста во врска…
Гаши за утре закажа седница на собраниската…
Претседателот на Собранието, Африм Гаши за утре…