Петровска потпиша нов Колективен договор на вработените во одбраната и припадниците на АРМ
Министерката за одбрана во техничката Влада, Славјанка Петровска и претседателот на Независниот синдикат на одбраната, Ванчо Исајов, денеска го потпишаа новиот Колективен договор за вработените во одбраната и припадниците на Армијата, соопштија вечерва од Министерството.
Со овој Колективен договор, како што додаваат, значително се унапредува стандардот на вработените во одбраната и целосно се вреднува трудот на вработените, кои се исклучително значајна алка во одбранбениот систем.
Според Петровска, вработените во одбраната се навистина клучни во целиот одбранбен систем.
– Драго ми е што покрај вложувањето во опрема, паралелно ги подобруваме условите на вработените и нивниот стандард, како и нивниот углед во општеството. Ќе продолжам да се залагам сите ваши права да бидат почитувани, а Колективниот договор доследно да се применува. Бевме отворени за сите синдикати кои ги почитуваме во целост, а ја почитуваме и позицијата на репрезентативниот синдикат. Дијалогот продолжува, изјавила министерката.
Петровска се заблагодарила на репрезентативниот Синдикат во одбраната, како и на останатите синдикати за посветеноста и отвореноста во разговорите, што доведоа до потпишување на овој документ.
– Ова е свечен чин на потпишување на Колективниот договор. Ја цениме конструктивноста што ја покажавте, имајќи предвид дека најголемиот дел од нашите предлози се прифатени и преку дијалог, дојдовме до овој резултат. Како синдикат, предвид ги земавме сите вработени и особено драго ми е, што со овој договор ги опфативме и службениците во Министерството. Соработката со вас продолжува и во иднина, изјавил претседателот на Независниот синдикат на одбраната.
Колективниот договор, како што се додава во соопштението, меѓу другите содржини, опфаќа соодветно вреднување на степенот на образование, исплата на испратнина при пензионирање во висина од 15 плати и друго.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Што не го раскине договорот? Мицкоски кон…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска повторно говореше за…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…