Петровска: Ќе следува тужба за клевета доколку Ковачки не се извини во рок од 48 часа

t

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска до пратеникот Драган Ковачки упати барање за извинување за лагите што ги изнесува за наводниот секс-скандал и наводното прикривање од страна на министерката, соопштија од Министерството за одбрана.

„Доколку тој во рок од 48 часа од приемот на барањето не се извини ќе му биде поднесена тужба за клевета“, додаваат од министерството.

Инаку пред еден месец во Граѓанскиот суд завршија подготвителните рочишта за судскиот спор за навреда и клевета, кој министерката за одбрана, Славјанка Петровска, го иницираше против пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, за обвинувањата на пратеникот дека Петровска крие луксузен имот во Радишани, која не го пријавила во својот Анкетен лист до ДКСК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петровска до ВМРО-ДПМНЕ: Каде сте „патриотчиња“ –…

Во синоќешното обраќање од собраниската говорница, ексминистерката…

Славјанка е новата министерка за одбрана?

Новиот лидер на СДСМ и мандатар за…