Петров: Бугари во Уставот е предлог на ЕУ поддржан од САД – Ништо не губиме со тоа
Членот на Извршниот одбор на СДСМ и поранешен градоначалник на Карпош, Андреј Петров смета дека Македонија не губи ништо со внесување на Бугарите во Уставот на земјата и според него тоа е предлог на ЕУ поддржан од САД.
-Од друга страна, тоа не е нешто што го правиме како отстапка за Бугарија, туку дека е предлог на ЕУ со поддршка на САД и тоа е на маса. Околу тајминзите можеме да зборуваме, но обврската како држава треба да ја исполниме. Како граѓани, имаме право да бидеме повредени и да не ни се допаѓа, но лидерите на партиите мора дамислат што навистина и суштински е добро за земјата. Ние 30 години изгубивме време докажувајќи во нешто, 150 000 луѓе земаа бугарски пасоши. Тоа ли е патриотизам или државата да ја придвижиме напред кон ЕУ во тајминг според оној договор што сме го потпишале? Секоја дискусија е добра. Паметен е потегот на премиерот да се обиде да изгради заеднички став, рече Петров во емисијата „Вин-вин“ за лидерската средба меѓу лидерите на парламентарните партии и претставници на пратениците закажана за понеделник во Собранието.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
(Видео) Мицкоски од Вашингтон: Кој гарантира дека…
Кој ни гарантира дека внесувањето на Бугарите…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…